- Име на предметот: Уметничка слика „Зима“- современа уметност, автор Димитар Кондовски (роден во Скопје). Авторот е еден од поистакнатите македонски сликари особено во портретната уметност и изработка на творби преку кои ја изразува тајната и убавината на иконите претставени со современ израз.
- Период/датација: 1951 година
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: маслени бои на платно
- Димензии: 100 Х 78 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена жена речиси во целост.
Има изразито лице и иако е поставено во погорниот дел на сликата – тоа е доминантно и највпечатливо. Со долга коса и неприродно издолжен врат. Облечена е во темен костум низ целото тело. Покрај нејзиниот портрет на кој нај доминантни се издолжени очи, авторот и ги насликал рацете исто така издолжени, необични и слаби.
Насловот е Зима и има симболично значење – кое потекнува од расположбата на жената – замислено, темно, осамено несреќно. Во самиот лик доминира тага и замисленост. Рацете се грчевито поставени околу телото како да се обидуваат да го заштитат од сите удари на навреди и емотивна тага.
Сликата е насликана со минимална употреба на бои – 2 до три и спажа во таканаречените монохроматски, што значи дека бојата и речиси е неприсутна, само да ја изрази тената и тешка расположба на осамената жена.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.