- Име на предметот: Златна обетка
- Период/датација: IV век п.н.е.
- Потекло: лок. Црквиште, с. Беранци
- Материјал/техника: злато, филигран – гранулација
- Димензии: висина 3,1 см.
Кратка приказна и опис: Златна обетка тип „a navicella“ ( типологија на раскошен накит). Изработена и украсена во техника на филигран и гранулација. Претставени се палмети, гроздови и лисја. Од горната страна има апликација со искуцани фигури што седат.
Обетката е гробен наод, сигурно од некоја значајна великодостојничка. Со сигурност може да се каже дека истата не е изработен во локална работилница, туку е изработена од врвен мајстор од некој многу поразвиен центар.
Филигранот е техника на изработка на накит од тенка жица (злато, сребро). Името филигран доаѓа од латинските зборови filum (нишка) и granum (зрно).
You must be logged in to post a comment.