ivanov_th За прв пат оваа година, новогодишниот прием на дипломатскиот кор од страна на Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов, беше организиран во Битола, во НУ Завод и музеј.  Во својот говор Претседателот Иванов, направи ретроспектива на минатата 2011 година, потсетувајќи дека таа беше година на јубилеи и успеси, како и година во која беше потврден кредибилитетот на надворешната политика на Република Македонија. 2012 – та ќе биде година посветена на остварување на стратешките цели, членството во НАТО и ЕУ, развојот на билатералните односи со сите држави во светот, јакнењето на добрососедските односи и иницијативност во регионалната соработка.
На организираниот прием од името на дипломатскиот кор се обрати амбасадорот на Р.Словенија Алан Брајан Бергант.
{gallery}ivanov_web{/gallery}