- Име на предметот: Афродита
Период/датација: II век п.н.е.
Потекло: лок. Дибек, с. Суводол
Материјал/техника: глина, печење
Димензии: висина 39 см.
Кратка приказна и опис: Биста од Афродита, облечена во тенок декориран фустан. Цртите на лицето се правилно дадени, косата е поделена со патец на средината. На главата има дијадема која е украсена со венец од осум чашкасти цветови со пупки во средината. На рамената и ушите има дупки. Глината е добро прочистена и средно печена.
Бистата е гробен наод. Афродита е старогрчка божица на убавината, љубовта и плодноста. Според некои преданиjа таа е ќерка на Зевс и Диона, а според други таа е родена од морската пена.
You must be logged in to post a comment.