- Име на предметот: Слика од Мустафа Кемал Ататурк
- Период/датација: фотографиран 1922
- Потекло: подарок од Турција
- Димензии: 50 x 60 см
Кратка приказна (опис):
На фотографијате е претставен Мустафа Кемал Ататурк. Сликата е дел од постојаната поставка во Спомен собата која е сместена на вториот кат на музејот. Фотографиран е во 1922 година, облечен е во маршалска униформа а на главата има капа од природно крзно. Ататурк е карактеристичен по неговиот остар поглед и мустаќи во тој период.
Ататурк е роден во Солун 1881 година а починал во 1938 година во Истанбул. Во Битола престојувал од 1886 до 1889 година како ученик во средното воено училиште сместено во днешната зграда на музејот. По завршувањето на средното воено училиште, заминал за Истанбул каде ја завршил Воената Академија. Подоцна е познат како командант на многу големи битки, меѓу кои е битката на Чанакале. Тој е голем реформатор и прв претседател на модерна Турција од 1923 година. Од таму и неговиот прекар Ататурк што значи татко на турците.
Денес, Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк е многу посетена од страна на посетители од голем број на домашни и стански туристи особено од Турција. Во Спомен собата, низ фотографии е прикажан неговиот живот особено кога веќе бил Претседател. Изложени се и две копии од негови униформи, мала библиотека, восочна фигура, бронзена фигура. На посетителите им се презентира и филм за неговиот живот и дела.
You must be logged in to post a comment.