Посета

Добредојдовте во

НУ Завод и музеј Битола

Контакт

Работно време

Билети

Редовни билети

  • Македонски државјани: 100 денари
  • Странски државјани: 180 денари

Повластени билети

  • Деца (од основно и средно образование) – 30 денари
  • Пензионери- 30 денари
  • Студенти – македонски државјани – 60 ден
  • Студенти – странски државјани – 120 денари

Бесплатен влез:

  • Секој 1 (први) во месецот за сите посетители (странски и домашни)
  • Лица од социјално ранливи категории (македонски државјани) – секој ден
  • Лица со хендикеп – секој ден
  • Посетители со картица од ICOM и ICOMOS – секој ден

Потребни документи за идентификација за повластените и бесплатните билети:

  • За студенти индекс или студентска легитимација
  • За пензионери лична карта
  • За лица од ранливи категории потврда од надлежен социјален центар.

Пристапност

НУ Завод и музеј Битола се стреми да обезбеди пристапност за сите посетители.

На околу 50 метри од објектот, во рамки на спортската сала „Боро Чурлевски“, се наоѓа јавен паркинг со вкупно 216 паркинг места, од кои 6 се наменети за автобуси. Паркингот располага и со обележани паркинг места за лица со попреченост, како и со две паркинг места опремени со полначи за електрични автомобили.

Веднаш до главниот влез на музејот е поставен паркинг за 5 велосипеди, достапен за сите посетители кои пристигнуваат со алтернативен превоз.

За лицата кои користат инвалидска количка, на располагање е лифт рампа која овозможува пристап до првиот спрат од музејот, каде се сместени административните простории. До вториот спрат, каде се изложени музејските поставки, посетителите може да пристапат преку скали или со помош на лифт кој е достапен преку внатрешниот двор (пациото).