Национална Установа Завод за заштита на спомениците на култура и музеј – Битола  
Мала сала 13.30 часот на 10 март 2017

Изложбата ја реализира Здружението Македонида во рамки на Проектот насловен – Промоција и конзервација на културното наследство во Македонија и Регионот Нормандија – којшто доби подршка со програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Нормандија и Македонија во периодот од 2013 – 2015 година. Изложбата со подршка на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и музеј – Битола како вонпрограмска активност во 2017г. и се остварува во рамките на програмата на локален развој на Македонија во областа на заштитата на културното наследство.
Првиот дел од Проектот беше претставување на изложбата Свети  места во опатијата Абеи-о-Дам во Каен во Нормандија организирана од страна на Здружението Македонида во мај 2016.
Претставувањето на изложбата Божествена убавина во Република Македонија е вториот дел од Проектот. Изложбата е резултат на догогодишен истражувачки Проект воден од страна на Дирекцијата за инвентар и заштита н културното наследство на Регионот Нормандија под раководтсво на кураторот и истражувачот Емануел Луис. Целта на Проектот беше да се  истражи, вреднува, заштити  и презентира малку познатото богатство – уметничките слики во парохиските цркви во Долна Нормандија од периодот од 16 до 20 век, со акцент на 17, 18 и 19 век. Околу 3000 уметнички слики беа инвенторирани во рамки на Проектот кој траел од 2007 до 2014 година.  Притоа беа откриени голем број информации и детали за повеќе уметнички слики, а се потврди авторството на неколку значајни дела на  доста познати сликари како фламанскиот сликар Мартен вон Хемсерк и италијанецот Фанциско Сурбабан.  
По премиерната поставка на изложбата Божествена Убавина во Музејот на Град Скопје во октомври  2016 година, изложбата на 10 Март ќе биде прикажана годинава во Малата сала на установата во рамките на долгорочната соработка на Здружението Македонида и НУ Завод за заштита на спомениците на култура и музеј – Битола. Битолската публика ќе  ја има почестена со присуството на Амбасадарот на Република Франција, неговата екцеленција, Г-н Кристијан Тимоние, којшто ќе ја отвори изложбата на 10 март во 13:30 часот.

Изложбата којашто  имаме чест да ја видиме во Битола, претставува избор од 30 најрепрезентативни слики од црквите во Долна Нормандија, како и неколку фотографии од црквите кои биле предмет на истражување во кои се наоѓале сликите.  
Со фотографија и со текст изложбата ја престставува и методологијата на истражувачкиот проект, прикажувајќи ги сите инволвирани партнери од Регионот Нормандија, улогата на Дирекцијата  за инвентар на културното наследство, улогата на општините, како и Министерството за култура на Република Франција.

bozestvena ubavina web

Save