- Име на предметот: Брош
- Период/датација: Крај на 19ти – почеток на 20ти век
- Потекло: Западна Европа – импортиран за време на Отоманската Империја
- Материјал/техника: Сребро/техника на лиење
- Димензии: 6,5 х 5 см.
Кратка приказна и опис: Женски сребрен брош со потекло од крајот на 19тиот или почеток на 20тиот век. Изработен е во техника на лиење со скоро овална форма и пластичен приказ на женска фигура во центарот. Фигурата е прикажана во профил како држи четка и со неа ја чешла и обликува својата бујна коса. Цел овој приказ е обработен и врамен со декоративна имитација на барокна рамка, орнаментирана со по неколку флорални украси и мали заоблени проширувања на средината од двете страни, со цел предметот да изгледа побогато и поукрасено.
Во Битола или тогашен Монастир, овој накит бил импортиран од западна Европа за збогатување и доукрасување на градското облекло по најнова мода и костимот „ала франга“, наречен така поради неговото западно-европско влијание, мода која во тоа време била типична за Париз, Лондон, Виена.
You must be logged in to post a comment.