Дел од пафта, 19 век

Традиционалниот македонски накит и неговата изработка се израз на едно од највисоките уметнички достигнувања на македонските мајстори. Немајќи посебна шема за изработка, секој мајстор ја користел единствено својата фантазија и креативност во неговата изработка.

0 Comments

Детал од килим

Килимот е изработен од волна, ткаен на разбој. Исткаен е во три поли кои се составени. Годината на изработка е исткаена на самиот килим во горниот дел. Во основата е исткаен во темно сина боја, бордурата е во црвена боја.

0 Comments