Одржана конференција C – Count 04 – 06 мај во Књажевац, Р. Србија

Во рамките на проектот ’’Countering Euroscepticism through Cultural Heritage Preservation (Справување со евроскептицизмот преку заштита на културното наследство)’’ четири учесници од НУ Завод и музеј Битола од 4 до 6 мај 2018 година, присуствуваа на истоимената меѓународна конференција која се одржа во Домот на култура во Књажевац.

Во рамките на конференцијата НУ Завод и музеј Битола се претстави со две презентации. Во првиот работен ден беше претставена инстуцијата и дел од активностите, како и можностите за идна соработка со останатите институции кои учествуваа на конференцијата.


На вториот работен ден беше претставен меѓународниот проект „Граѓански паметни скулптури“ финансиран од програмата Креативна Европа и под-проектот „4Д Виртуелна урбана уметност“ имплементиран од НУ Завод и музеј Битола и ГАУС институтот од Битола.

Конференцијата имаше за цел да собери и претстави искуства од 7 земји по прашањето на зачувување на културното наследство и евроскептицизмот.

Оваа конференција во тек на три дена на едно место собра преку 100 учесници од Македонија, Бугарија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Србија.

Организатор на конференцијата е Институтот за погранични подрачја од Књажевац во соработка со Општина Књажевац, а со поддршка на програмата Европа за граѓаните (Europe for Citizens – Town Twinning) финансирана од ЕУ.

Close Menu
Accessibility