Центарот за документација и фото-документација кој е составен дел на Заводот и музеј Битола, своето формирање го доживува во 60-те години од минатиот век во рамките на Народниот музеј Битола, во прво време како фотографска работилница за да целосно ја добие својата физиономија од 1975 година.
Во составот на овој центар делуваат 3 одделениjа и тоа: Одделение за документација на спомениците на културата од аспект на заштитната дејност, Одделение за музејска документација и Одделение за фотодокументација.
Одделението за заштита на спомениците врши документирање, евидентирање и формирање досие во кое има пропишан заштитен режим и соодветна архитектонска документација за секој третиран поединечен споменик на културата.
Во одделението за музејска документација се депонирани влезни, инвентарни книги во кои се евидентираат музејските предмети кои во оваа установа се добиваат по пат на археолошки ископувања, истражувања, откупи, донации и сл. За поцелосно и попрегледно следење на активностите во работењето на установата низ печатените медиуми формирана е хемеротека низ која се собираат, обработуваат, средуваат и депонираат добиените информации. Во последните години се работи на компјутеризација на центарот за документација и негово поврзување со компјутерската мрежа во државата.
Фото-документацијата како одделение при овој центар е важен сегмент во целокупната дејност на установата која низ својот развој до денес како фонд на документирани и обработени фотолисти и негативи, контакт копии од сите дејности на институцијата, ја достигнува бројката која е заслуга на 70 годишното работење на институцијата и тоа: контакт копии околу 3338; вкупно 99180 фотографии од кои 70920 во црнобела техника, 28260 колор фотографии и 17 видео касети.
Водителска и маркетинг служба
Водителската служба како неизоставен дел од музејската дејност, постои од формирањето на Музејот во Битола и тоа во прво време како една од основните задачи на кустосите. Таа од 1995 година добива функција на водење, маркетинг, едукација со целосна пропагандна дејност на настаните кои се случуваат во институцијата.
Главен акцент е ставен на посетителот, што претставува главна цел на секој маркетиншки ориентиран музеј, и за таа цел во најголема мера се засилени односите со јавноста и медиумите. Оваа служба посебен акцент става на едукативните проекти насловени како “Учиме за нас”. Всушност, ваквите проекти се наменети за ученици од најразлична возраст. Со тоа се постигнува целта на музејот, преку едукативните и интерактивни и креативни работилници да се надополнуваат, а не да го имитираат класичното образование по предметите во кои се изучува културното наследство, како и да се имплементира определбата музејот да биде отворен за јавноста.
Библиотека
Со основањето на Музејот во 1934 година, формирана е библиотека во чии рамки досега е собран библиотечен фонд од 11300 книги и тоа : периодики, списанија, весници и друг библиотечен материјал, како: легати, видео и аудио материјали добиени по пат на набавка, размена или подарени со поединци или сродни институции. Значајно место во библиотеката зазема фондот од 110 ретки ракописи и старо печатени верски книги на црковно словенски, старогрчки, арапски, турски, латински, германски и српски јазик. Библиотеката е од стручен карактер и е отворена за јавност.
Компјутеризација
Следејќи ги најновите трендови во науката и технологијата од крајот на минатиот милениум, Музејот започна интензивно да се компјутеризира и опремува. Ваквиот тренд на Завод и музеј му овозможи поефикасно складирање и обработка на податоците за сите оддели, експанзија во издавачката дејност и маркетиншка застапеност во медиумите. Институцијата има постојана врска со интернет со цел за нејзина подобра афирмација во светот која се постигнува со сопствена Web страна: www.muzejbt.org.mk

Центарот за документација и фото-документација кој е составен дел на Заводот и музеј Битола, своето формирање го доживува во 60-те години од минатиот век во рамките на Народниот музеј Битола, во прво време како фотографска работилница за да целосно ја добие својата физиономија од 1975 година.

Во составот на овој центар делуваат 3 одделениjа и тоа: Одделение за документација на спомениците на културата од аспект на заштитната дејност, Одделение за музејска документација и Одделение за фотодокументација.

Одделението за заштита на спомениците врши документирање, евидентирање и формирање досие во кое има пропишан заштитен режим и соодветна архитектонска документација за секој третиран поединечен споменик на културата.

Во одделението за музејска документација се депонирани влезни, инвентарни книги во кои се евидентираат музејските предмети кои во оваа установа се добиваат по пат на археолошки ископувања, истражувања, откупи, донации и сл. За поцелосно и попрегледно следење на активностите во работењето на установата низ печатените медиуми формирана е хемеротека низ која се собираат, обработуваат, средуваат и депонираат добиените информации. Во последните години се работи на компјутеризација на центарот за документација и негово поврзување со компјутерската мрежа во државата.

Фото-документацијата како одделение при овој центар е важен сегмент во целокупната дејност на установата која низ својот развој до денес како фонд на документирани и обработени фотолисти и негативи, контакт копии од сите дејности на институцијата, ја достигнува бројката која е заслуга на 70 годишното работење на институцијата и тоа: контакт копии околу 3338; вкупно 99180 фотографии од кои 70920 во црнобела техника, 28260 колор фотографии и 17 видео касети.

Водителска и маркетинг служба

Водителската служба како неизоставен дел од музејската дејност, постои од формирањето на Музејот во Битола и тоа во прво време како една од основните задачи на кустосите. Таа од 1995 година добива функција на водење, маркетинг, едукација со целосна пропагандна дејност на настаните кои се случуваат во институцијата.

Главен акцент е ставен на посетителот, што претставува главна цел на секој маркетиншки ориентиран музеј, и за таа цел во најголема мера се засилени односите со јавноста и медиумите. Оваа служба посебен акцент става на едукативните проекти насловени како “Учиме за нас”. Всушност, ваквите проекти се наменети за ученици од најразлична возраст. Со тоа се постигнува целта на музејот, преку едукативните и интерактивни и креативни работилници да се надополнуваат, а не да го имитираат класичното образование по предметите во кои се изучува културното наследство, како и да се имплементира определбата музејот да биде отворен за јавноста.

Библиотека

Со основањето на Музејот во 1934 година, формирана е библиотека во чии рамки досега е собран библиотечен фонд од 11300 книги и тоа : периодики, списанија, весници и друг библиотечен материјал, како: легати, видео и аудио материјали добиени по пат на набавка, размена или подарени со поединци или сродни институции. Значајно место во библиотеката зазема фондот од 110 ретки ракописи и старо печатени верски книги на црковно словенски, старогрчки, арапски, турски, латински, германски и српски јазик. Библиотеката е од стручен карактер и е отворена за јавност.

Компјутеризација

Следејќи ги најновите трендови во науката и технологијата од крајот на минатиот милениум, Музејот започна интензивно да се компјутеризира и опремува. Ваквиот тренд на Завод и музеј му овозможи поефикасно складирање и обработка на податоците за сите оддели, експанзија во издавачката дејност и маркетиншка застапеност во медиумите.