Ова одделение кое од 1982 година е составен дел на Битолскиот музеј, своето формирање и развој го бележи од 1958 година, кога во Битола е формирана како посебна институција уметничката галерија “Моша Пијаде”. Од основањето до денес својата работа ја насочува кон неколку примарни поенти: собирање, евиденција, обработка, грижа за уметничките дела од современата уметност и конзервација на истите, презентација и афирмација на македонски автори и дела како и организација на Меѓународното графичко триенале.
Во текот на своето 50 годишно постоење ова одделение има реализирано над 1200 ликовни изложби: самостојни, групни, ретроспективни, јубилејни, тематски, изложби од странство, обработени дела од сопствениот фонд, изложби преземени од сродни институции (галерии, конзуларни претставништва) или изложби според ликовната техника : сликарство, графика, цртеж, фотографија, скулптура, акварел. Од 1970 година, оваа институција го добива називот “Галерија на современата југословенска графика”, со што се насочува генералната определба кон проучување и афирмација на графичкото творештво. Од големиот број експозиции би ги издвоиле триеналските сојузни графички манифестации на југословенско ниво, кои овозможија гостување на познати графичари од земјата и странство. Исто така, посебно одбележување заслужуваат изложбите на Личеновски, Владимирски…, членовите на групата ВДИСТ, (Видимче, Димовски, Ивановски, Спировски, Траиковски,), групата 77 (Кочевски, Кочовски и Манев), Годишните изложби на ДЛУБ и многу други.
Меѓународните изложби кои оставија забележителни едукативни резултати, заземаат значајно место, а меѓу нив сеизложбите на Густав Климт и Егон Шиле, Пјер Алешински, Хајнрих Циле, Американски плакат и други.
Ова одделение располага со богат фонд уметнички дела (околу 1000) сместени по збирки: сликарство, графика-цртеж и скулптура. Збирките се оформени со откуп од изложбите, како и со донација од ликовните уметници или поединци. За посебно одбележување е оформената графичка збирка во која се застапени наградените дела од сите триеналски манифестации, со што ја прави единствена во Република Македонија.
Застапеноста на македонските графичари: Д. Аврамовски Гуте, М. Спировски, П. Хаџи Бошков, Д. Перчинков, С. Шемов, Д. Николов, Д. Малиданов, З. Јакимовски, како авторите: Б. Јакац, А. Јемец, Б. Борчич, Ј. Берник, А. Кудуз, М. Арсиќ, Е. Мунџич, Х. Хеблер, Л. ЈунгАе, Капобјанко, претставува висококвалитетна ризница.
Покрај едукативната настава, се организираат бројни тркалезни маси, советувања и научни собири од кои би ги издвоиле : “Исчекор од медиумот”, (по повод отворањето на XX Меѓународно графичко триенале 1994); “Интервенции во просторот” по повод изложбата на С. Шемов и Н. Фидановски 1988 ; Ликовното творештво на Борислав Траиковски (по повод неговата изложба 2002); Димче Николов спомени (по повод самостојната изложба 2003 година).

Ова одделение кое од 1982 година е составен дел на Битолскиот музеј, своето формирање и развој го бележи од 1958 година, кога во Битола е формирана како посебна институција уметничката галерија “Моша Пијаде”.

Од основањето до денес својата работа ја насочува кон неколку примарни поенти: собирање, евиденција, обработка, грижа за уметничките дела од современата уметност и конзервација на истите, презентација и афирмација на македонски автори и дела како и организација на

Меѓународното графичко триенале.