• Име на предметот: Уметничка слика „Цвеќе“- современа уметност, автор Коста Хаџи Антоновски, Битола (роден во Битола). Авторот, покрај творечката дејност е познат и како еден од најистакнатите ликовни педагози и создавач на Малиот Битолски Монмартр, една од најпознатите меѓународни ликовни манифестации во која учествуваат децата речиси од цел свет со свои ликовни творби
  • Период/датација: нема наведено точна година на создавањето ( период – крај на седумдесетите години на минатиот век)
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 100 Х 72 см

Уметничка слика „Цвеќе“- современа уметност, автор Коста Хаџи Антоновски
Кратка приказна (опис):

На сликата се претставени цвеќиња. Во долниот дел е дрвено триаголно, старинско масиче, со насликани две ногарки. На него е поставена трапезоидна вазна чии потесен дел со тркалезно дно е на самото масиче. Од централниот дел на сликата па до самиот нејзин краен горен дел се насликани седум големи цвекиња на раскошни гладиоли.
Не се реално насликани – туку стилизирано со употреба на геометриски форми и линии.
Во позадината е површина создадена со дебели и богати наслаги на разновидни бои, слободно нанесувани низ платното. Со тоа се постигнува динамика, чувство за ритам и брзина на сликањето кое ја изразува радоста и емотивната позитивна понесеност на авторот.
Мотивот на цвеќињата е складно, централно поставен на сликата, со што се покажува убавината на мотивот и хармонијата на природните убавини.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Close Menu
Accessibility