• Име на предметот: Уметничка слика –„Три деца““- современа уметност, автор Никола Мартиноски (роден во Крушево). Мартиноски е еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници кои создавал во Македонија а и пошироко.
  • Период/датација: 1957 година
  • Потекло: – Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 30 Х 45 см

Уметничка слика –„Три деца““- современа уметност, автор Никола Мартиноски

Кратка приказна (опис):

На сликата се претставени – три деца, на возрас од десетина години.
Во долната половина на сликата се претставени две деца – девојчиња, лево е девојче кое е свртено кон нас. Косата и е темна со две плетенки кои и паѓаат до рамото. Во рацете држи тотба, која и е припиена до левата нога и потпрена на земја. Боса е. Облеклото и е скромно и сиромашно, износено. Десно е друго девојче кое исто така седи, полусвртено кон десно.На главата има лесна платнена шарпа, исто така со скромни и износени алишта. Свртена е кон нас, тажно, замислено, несреќно.
Во средината на сликата, меѓу двете девојќиња и во висина до крајниот горен дел на сликата е насликано момче кое седи на столче. Повисоко е од девојчињата и тоа е свртено кон нас и тоа е облечено скромно, со износени алишта.
Трите деца на сликата се тивки, замислени, тажни гладни, сиромашни.
Во овој период Мартиноски многу често создавал слики со слични мотиви: деца односно девојчиња и момчиња, малди мајки со бебиња, кои се тажни, сиромашни и кои живеат тешко, борејќи се за елементарно преживување и егзистенција.
Ваквиот начин на сликање е познат како социјално, ангажирано сликарство, авторот со целата своја љубов кон луѓето, се бори преку творештвото за неправдите во општеството, сиромаштијата, осаменоста, напуштеноста.
Мартиноски ова го прави со брзи потези, со елементарен цртеж, настојувајќи да го претстави пред се ликот на лужето – тажен, понижен, обесправен, осиромашен.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола