- Име на предметот: Камин – печка
- Период/датација: Крај на 19 ти – почеток на 20 ти век
- Потекло: Австро-Унгарија, импортирано за време на Отоманската Империја
- Материјал/техника: Керамика/индустриско производство, глазура и енгобирање
- Димензии: 190 х 67 х 67 см.
Кратка приказна и опис: Печката е составена од четири делови, кои се издигнати во вертикала нагоре. Најдолниот дел е без украси и служел за берење на пепелта од дрвата. Во вториот дел има нешто како фиока во која се ставаат дрва за горење и украси кои се составени од плиток релјеф на девојче околу кое има венци од растенија и растителни украси под него.
Третиот дел е поделен на два помали делови со две празнини кои служеле за ставање на различни садови за подготвување на основни намирници. На средината има повторно еден вид на кутија која е украсена со исти растителни елементи. Последниот дел е украсен и составен на средината во горниот дел, повторно од глава на девојче со венци од растително потекло, а над украсот со девојчето има еден вид на капак кој е декориран со еден вид на архитектонски елементи – цоклиња кои на средината образуваат нешто во форма на школка. Странично, лево и десно се ивици кои од вториот до четвртиот дел се исто така украсени со пластични растителни украси.
Ваквиот тип на раскошни печки или камини од 19 тиот век најчесто биле набавувани/ импортирани од Западна Европа, поточно Австро-Унгарија и биле дел од луксузниот градски ентериер на домовите во сопственост на битолската граѓанска класа.
You must be logged in to post a comment.