• Име на предметот: Фреска од црквата Св. Ѓорѓи од с. Курбиново, непознат автор
  • Период/датација: крај на 11-ти век
  • Потекло: Св. Ѓорѓи, с. Курбиново, Преспа
  • Материјал/техника: фреска – изработка на слика на sидни површини, најчесто врз неисушена малтерисана површина
  • Димензии: Фреската е од централниот простор над олтарот, најважното место во православните храмови, црквата Св Ѓорѓи од Курбиновo, нема големи димензии но затоа сликите се големи по нивното уметничко значење и старост – оваа претстава е повеќе од 2 метри во ширина.

Кратка приказна (опис):

Фреската е централна слика во црквата. Насликана е над олтарниот дел и е најзначајна по местото и симболиката што ја содржи.
Во центарот на сликата е насликана Богородица, исправена, во целосна големина. Рацете и се подигнати и раширени до висина на рамењата – оваа претстава е наречена Оранта или ширшаја – Богородица со вака подигнати и раширени раце се јавува како заштитник, сеопфатен чувар на животот, која од оваа позиција, над олтарот, ги благословува луѓето со сета своја љубов и разбирање.Облечена е во долга наметка, која слободно и лесно и паѓа во набори до стапалата, составена од два делови – горен кој и е до половината и долен од половината до стапалата.

Фреска од црквата Св. Ѓорѓи од с. Курбиново
На главата и е насликана платнена шарпа со крст и стилизирани sвезди околу крстот. Околу е широк ореол. Главата и е свртена фронтално – кон центарот на црквата.
Поткачена е на камена плоча, како мал постамент.
Од нејзината лева и десна страна се насликани ангели.
Од левата страна е насликан ангел, исто така во цела висина, од лева страна е насликано само едно негово крило, широко раширено, десната рака му е свртена кон Богородица а во другата рака држи ангелско жезло, слично на подолга шипка која е во висина од коленото до над главата на ангелот.
Главата му е свртена на спротивната страна од Богородица. Околу главата има ореол.
Облечен е исто така во долга одежда која е низ цело тело, со слободни набори, составена од два делови – едниот до половината, другиот до стапалата.
Од десната страна е насликан исто така ангел во целосна должина. Помал е од другиот ангел.
Од десната страна е насликано само едно негово крило, широко раширено, десната рака му е свртена кон Богородица а во другата рака држи ангелско жезло, слично на подолга шипка која е во висина од коленото до над главата на ангелот.
Главата му е свртена на спротивната страна од Богородица. Околу главата е ореол.
Облечен е исто така во долга одежда низ цело тело, со слободни набори, составена од два делови – едниот до половината, другиот до стапалата.
Трите ликови имаат свечен и достоинствен израз, на некој начин, со тоа како да сакаат да ги примат, поздрават верниците во нивниот Божји дом.
Фреската има големо уметничко значење – и по мајсторството со која е насликана, по психологијата и пораките што ги пренесуваат нивните ликови и гестови а и по староста од кога се насликани – повеќе од десет векови, со што, овие фрески се ремек дела со светско значење.
(употреба и слично):Црквата Св. Ѓорѓи во с. Курбиново, е еден од најстарите цркви во Европа. Таа покрај архитектурата содржи голем број на фрески – sидни слики низ скоро цела површина на sидовите од нејзината внатрешност. Оваа црква е еден од најзначајните духовни и творечко споменици на културата во Македонија и светот.