Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на VIII СЕК – Симпозиум на етнолози конзерватори во Битола на 2.10.2019 во 10 часот во Големата сала на хотелот „Епинал“.

Симпозиумот е во организација на НУ Завод и музеј Битола, финансиран од Министерството за култура на Р С Македонија, во соработка со Министерството за култура на Р Хрватска, Конзерваторските оддели од Загреб, Славонски Брод и Заводот за заштита на културно наследство на Словенија, Подрачна единица Ново Место.

Темата на овој меѓународен симпозиум е

Управување со културното наследство: од валоризација до интерпретација.

Во склад со развојот на професионалната соработка на овој симпозиум учествуваат етнолози конзерватори и други конзерваторски струки од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија и Македонија.

На симпозиумот ќе бидат презентираните реферати за богатото и разновидно културно наследство на територијата на бившите Југословенски простори, за знаењата и вештините во градителството како традиционални вредности.

Пропратна активност на симпозиумот ќе биде отворањето на изложбата „Традиционалната архитектура во Битола и битолскиот крај“ на етнологот конзерватор советник д-р Викторија Момева Алтипармаковска, која ќе биде отворена во 18 часот во малата сала на НУ Завод и музеј Битола.

VIII Меѓународен симпозиум на етнолози конзерватори во Битола 2-4.10.2019