- Име на предметот: Уметничка слика „Наколна дојранска колиба“- современа уметност, автор: Мустафа Асим, Битола
- Период/датација: создадена кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност а изложена во одделот за современа уметност на – НУ „Завод и музеј“, Битола
- Материјал/техника: картон, цртеж со пастел и јаглен
- Димензии: 40 x 30 см
Кратка приказна и опис:
Сликата е насликана од битолскиот уметник Мустафа Асим. Тој е познат по тивки слики на кои има претставено еден мотив: чамец, мртва природа, архитектура, без присуство на човечки фигури. Прикажана е специфична дрвена колиба која е карактеристична за дојранското езеро. Таа е поставена на дрвени столбови, забиени во дното од езерото, над нив е дрвената куќарка, едноставна, составена од отвор – влез, два странични отвори прозорци. Има четири sидови направени од преплетени дрвени гранки.
Служи како засолниште на рибарите и ловџиите поради тоа што дојранското езеро располага со големо рибно богатство.
На Горниот десен агол е насликан влез без врата, а лево од него мало квадратно отворче. Во горниот дел има кров од слама. Во долниот дел од десната страна на сликата е водата на езерото, а на долниот лев дел е насликан дел од дрвен чамец, доближан до самото куќарче.
Мустафа Асим е сликар кој творел во таканаречениот стил – лирски реализам. Тоа значи дека ги сликал реално работите околу него но лирски – што значи со свое чувство кое е најчесто тажно, осамено и молчаливо. Затоа неговите слики се тивки и зрачат со одредена мисла која е слична на некоја љубовна поезија кажувана тивко и многу нежно.
Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност, каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.