• Име на предметот: Уметничка слика „Наколна дојранска колиба“- современа уметност, автор: Мустафа Асим, Битола
  • Период/датација: создадена кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век.
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност а изложена во одделот за современа уметност на – НУ „Завод и музеј“, Битола
  • Материјал/техника: картон, цртеж со пастел и јаглен
  • Димензии: 40 x 30 см

Кратка приказна и опис:

Сликата е насликана од битолскиот уметник Мустафа Асим. Тој е познат по тивки слики на кои има претставено еден мотив: чамец, мртва природа, архитектура, без присуство на човечки фигури. Прикажана е специфична дрвена колиба која е карактеристична за дојранското езеро. Таа е поставена на дрвени столбови, забиени во дното од езерото, над нив е дрвената куќарка, едноставна, составена од отвор – влез, два странични отвори прозорци. Има четири sидови направени од преплетени дрвени гранки.

Уметничка слика „ Наколна дојранска колиба“- современа уметност, автор: Мустафа Асим

Служи како засолниште на рибарите и ловџиите поради тоа што дојранското езеро располага со големо рибно богатство.

На Горниот десен агол е насликан влез без врата, а лево од него мало квадратно отворче. Во горниот дел има кров од слама. Во долниот дел од десната страна на сликата е водата на езерото, а на долниот лев дел е насликан дел од дрвен чамец, доближан до самото куќарче.
Мустафа Асим е сликар кој творел во таканаречениот стил – лирски реализам. Тоа значи дека ги сликал реално работите околу него но лирски – што значи со свое чувство кое е најчесто тажно, осамено и молчаливо. Затоа неговите слики се тивки и зрачат со одредена мисла која е слична на некоја љубовна поезија кажувана тивко и многу нежно.

Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност, каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола.