Рефератот е формиран во 1975 година со самото формирање на Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола. Основна дејност му е да истражува, проучува и со научни методи обработува прашања од областа на заштитата на спомениците на културата; да врши непосреден стручен надзор над изведувањето на работите за конзервација и реставрација на спомениците врз основа на претходно изготвена проектна документација; изработува пропишана техничка документација на постоечката состојба; изработува проекти за конзервација, реставрација, реконструкција, адаптација на културноисториските споменици; дава мислење за издавање на дозволи, за конзервација, реконструкција и презентација на културноисториските споменици во градежен смисол.
Конзерваторската работа на овој реферат го опфаќа градителското наследство од сите историски периоди на територијата на Општината Битола.
Поважни реализирани работи се: архитектонско снимање на постоечката состојба и оформување на досиеа со податоци за видот и обемот на оштетувањата, техниката и материјалите на градење во текот на евидентирањето на над 120 сакрални објекти, околу 30 објекти од профана градска и фолклорна архитектура во Битола и од селата: Маловишта, Суводол и Билјаник. Архитектонско снимање е извршено на сонди од различни археолошки ископувања на локациите Хераклеа, Туриграв, Дибек, шехерезада и Суводол. Изработени и реализирани се изведбените проекти за: реконструкција на потпорни ѕидови, арки, тераса и ограда за античкиот театар во Хераклеа; конзервација и реставрација на Хамза Беј џамија; санација и делумна реконструкција на покривот од тремот на Исхак Џамија; ревитализација на Зандан Куле во дворното место на О.У. “Стив Наумов”; конзервација и реставрација на Саат кулата; реставрација на покривот на црквата Св.Петка во с.Маловишта; реконструкција на покривот и реставрација на таваните на манастирската црква Св.Петка во с.Цапари; реконструкција на западното крило од конакот на манастирот Св.Меркурие во с.Барешани; конзервација и реставрација на црквата Св.Сотир во селото Гопеш; конзервација и реставрација на црквата Св.Недела во Битола; реставрација и конзервација на фасадата на Католичката црква во Битола; реконструкција на дуќани во битолската чаршија; и во последните неколку години конзервација и реставрација на фасадите од објектите на ул.Маршал Тито.
Резултатите од работењето на овој реферат презентирани се со изложбата:Градителското наследство на Битола преку скици и проекти во 2002 година.

Рефератот е формиран во 1975 година со самото формирање на Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола.

Основна дејност му е да истражува, проучува и со научни методи обработува прашања од областа на заштитата на спомениците на културата; да врши непосреден стручен надзор над изведувањето на работите за конзервација и реставрација на спомениците врз основа на претходно изготвена проектна документација; изработува пропишана техничка документација на постоечката состојба; изработува проекти за конзервација, реставрација, реконструкција, адаптација на културноисториските споменици; дава мислење за издавање на дозволи, за конзервација, реконструкција и презентација на културноисториските споменици во градежен смисол.

Конзерваторската работа на овој реферат го опфаќа градителското наследство од сите историски периоди на територијата на Општината Битола.
Поважни реализирани работи се: архитектонско снимање на постоечката состојба и оформување на досиеа со податоци за видот и обемот на оштетувањата, техниката и материјалите на градење во текот на евидентирањето на над 120 сакрални објекти, околу 30 објекти од профана градска и фолклорна архитектура во Битола и од селата: Маловишта, Суводол и Билјаник. Архитектонско снимање е извршено на сонди од различни археолошки ископувања на локациите Хераклеа, Туриграв, Дибек, шехерезада и Суводол.

Изработени и реализирани се изведбените проекти за: реконструкција на потпорни ѕидови, арки, тераса и ограда за античкиот театар во Хераклеа; конзервација и реставрација на Хамза Беј џамија; санација и делумна реконструкција на покривот од тремот на Исхак Џамија; ревитализација на Зандан Куле во дворното место на О.У. “Стив Наумов”; конзервација и реставрација на Саат кулата; реставрација на покривот на црквата Св.Петка во с.Маловишта; реконструкција на покривот и реставрација на таваните на манастирската црква Св.Петка во с.Цапари; реконструкција на западното крило од конакот на манастирот Св.Меркурие во с.Барешани; конзервација и реставрација на црквата Св.Сотир во селото Гопеш; конзервација и реставрација на црквата Св.Недела во Битола; реставрација и конзервација на фасадата на Католичката црква во Битола; реконструкција на дуќани во битолската чаршија; и во последните неколку години конзервација и реставрација на фасадите од објектите на ул.Маршал Тито.

nadzor_01_th
Резултатите од работењето на овој реферат презентирани се со изложбата:Градителското наследство на Битола преку скици и проекти во 2002 година.