• Име на предметот: Уметничка слика –„Пејзаж“- современа уметност, автор Љубодраг Маринковиќ Пенкин (роден во Скопје).
  • Период/датација: 1950 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 68 Х 58 см

Уметничка слика –„Пејзаж“- современа уметност, автор Љубодраг Маринковиќ Пенкин
Кратка приказна (опис):

На сликата е претставен Пејзаж. Во првиот преден план на сликата се две фигури на девојки – насликани не со реални елементи, слични на сенки, насликани се исправени, се движат кон внатрешноста на сликата.

Во вториот план на сликата се 4 куќи, со различна големина и со детали, не целосно – со по еден зид, прозорец или само кров.
Во третиот план на сликата се насликани се три високи тополи кои се до крајот на сликата а од десната стран е насликан бор – чемпрес.
Во позадина неколку дрвја и наговестување на некоја подалечна планина. Остатокот е небото, мирно, со воедначени потези оформено, чисто, без ниеден облак.
Целата слика е без реални детали, повеќе е внатрешно чувство на авторот слично на некој неодреден сон или сеќавање на некоја далечна случка.

(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола