• Име на предметот: Уметничка слика „Портрет на девојче“ – современа уметност, автор Никола Мартиноски, Скопје (роден во Крушево)
  • Период/датација: создадена 1944 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на Завод и музеј Битола
  • Материјал/техника: ленено платно, маслени бои
  • Димензии: 40 x 60 см

Кратка приказна (опис):

Уметничка слика „Портрет на девојче“ - современа уметност, автор Никола МартиноскиПортрет на девојче, седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата). На главата носи капче или шамија, слична на раширена и поголема беретка. Рацете и се скрстени, спуштени и потпрени на нозете. Нејзиниот портрет е поставен во централниот дел од сликата. Во позадината нема ништо. Најкарактеристично е по позата и замисленоста во која се открива: тага, отсутност, беда, сиромаштија па дури и некаква болка слична на осаменоста. Сликата е правена со слободни потези, без големи детали. На авторот, најважно му било да го претстави чувството, расположбата, психологијата на сиромашното девојче. Никола Мартиноски е еден од најзначајните македонски ликовни уметници, неговото прикажување на сиромашните, тажни, копнежливи луѓе, најчесто женски фигури, е успешно сликарско презентирање на длабочината на човечката душа.
Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија.Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата Завод и музеј од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола