• Име на предметот: Уметничка слика – „Портрет“, современа уметност, автор Пецо Видимче, Битола
  • Период/датација: создадена 1953 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на Завод и музеј Битола
  • Материјал/техника: Материјал/техника: ленено платно, маслени бои
  • Димензии: 70 x 50 см

Кратка приказна (опис):

Уметничка слика - „Портрет“, современа уметност, автор Пецо ВидимчеПортрет на помлад човек, насликан до половина, облечен во долга блуза со околувратник. Кратко истрижена коса со патец од десната страна на главата. Главата му е исправена , замислен, свртен благо кон десната страна. Стои и во рацете држи отворена книга во висина на стомакот. Во позадината нема ништо. Насликана е со погусти слоеви на боја. Карактеристична е неговата замислена поза, која ги открива неговите мисли, отсутен, мечтателен, помалку и тажен. Сликата не е реалистички сликана, туку по слободно – со слободни линии и потези и боја која е специфична и одговара на стилот на овој битолски уметник, кој што создавал во таканаречениот постимпресионистички стил, што значи поголем простор и давал на бојата, без да навлегува во детали и слободно пренесувајќи ги чувствата што се на моделот кој го сликал.
Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата Завод и музеј од Битола.

Close Menu
Accessibility