- Име на предметот: Резбан фрагмент за над врата
- Период/датација: 19 век
- Потекло: Битола
- Материјал/техника: дрво со доминантна флорална декорација
- Димензии: 133 х 42 см, дебелина 15 см, длабочина на резба 1, 5 см
Кратка приказна и опис: Според своите етнографски карактеристики, фрагментот може да биде датиран во 19 век.
Изработен бил од дрво со доминантна флорална декорација. Фрагментот имал декоративна функција и служел за украсување на делот над и околу вратата. Зачуваните корнизни елементи укажуваат на тоа дека фрагментот бил поставен во ниша или каса. Декорацијата е изведена во резба, со резбани цветови и листови обоени со жолта боја, врз црвенкаст фон (позадина), додека пак корнизните елементи се обоени во зелена боја.
Рељефот е изведен во длабина до 1,5 см и е сместен во врамено поле, во кое горниот раб е прав, додека долните делови, со декоративни форми брановидно се извиваат формирајќи лак.
Украсните или т.н корнизни елементи се наоѓаат од двете страни на носечкиот елемент, и за него се прицврстени со помош на метални клинови.
Овие декоративни елементи честопати биле дел од богато декорираните резбани таваници, застапени во голем број на битолски градски куќи, сè до средината на 20 тиот век.
You must be logged in to post a comment.