Почитувани граѓани,
Ве информираме дека во Програмата на Владата на Република Македонија и Министерството за култура се наоѓа проектот за Непосредна заштита – реконструкција на Куќата на Татарчеви во Ресен, кој ќе овозможи на еден достоинствен начин да се сочува споменот за делото на еден од основачите и првиот претседател на македонската револуционерна организација, д-р Христо Татарчев.

Во рамките на овој своевиден Музеј ќе бидат изложени документи, научно-верификувани факти и аргументи кои говорат за историјата на ова ресенско семејство, за големата жртва и придонесот на д-р Христо Татарчев кој целиот свој животен век и го посвети на својата визија за обединета и демократска Македонија.
Со цел, да ја збогатиме постојаната музејска поставка на Куќата на Татарчеви, ги молиме сите граѓани кои поседуваат предмети од крајот на 19 и 20 век кои се поврзани со ова ресенско семејство но, и со приликите од тој период да се обратат до НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, и да ги понудат експонатите за подарок или откуп. Граѓаните кои своите предмети ќе ги подарат ќе добијат посебни благодарници од Претседателот на Владата на РМ, г. Никола Груевски. Предметите кои ќе бидат понудени за откуп ќе бидат оценети од стручна комисија.
Контакт – Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј Битола.

Тел: 047 233 187

hristo tatarcev