Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, датираат од 1978 година, кога е отворена првата изложба на фотографии, документи и факсмили, кои го прикажуваа животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади) сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј, Старата битолска касарна.
Во 1994 година, на простор од 40 м2, со постоечките материјали обогатени со одредени предметикопии сместени во две прикладни витрини и спомен биста за Кемал Ататурк, за прв пат е поставена музејската поставка.
Во 1998 година, со договорениот инвестициски зафат меѓу владите на Република Македонија и Република Турција, се адаптира простор од околу 120 м2, во кој Битолскиот музеј со свој кадар и соодветен кадар од Република Турција ја поставија денешната музејска поставка во која е претставен Кемал Ататурк. Оваа поставка свечено ја отворија на 3 октомври 1998 година тогашните престедатели на Република Македонија, Киро Глигоров и на Република Турција, Сулејман Демирел.

Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк,

датираат од 1978 година, кога е отворена првата изложба на фотографии, документи и факсмили, кои го прикажуваа животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади) сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј, Старата битолска касарна.

ataturk_virt