Поволната географска поставеност и местоположбата на Битола во средниот век на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на трговсковоениот пат Виа Егнатиа, нужно ја определиле да се најде под ударите на повеќе култури кои придонеле за поизразито вообличување на специфичните археолошки вредности.
Пред скоро тричетири децении, средновековната археологија беше приморана да се избори за своето место во науката, посебно кај некои научни работници кои и самите се занимаваа со археологија, а кои по примерот на некои северноевропски археолошки школи сметаа дека средновековната археологија како и целата археологија воопшто, треба да заврши со истражувањето на периодот со преселбата на народите.
Првото отстапување се направи кога проучувањето на словенската археологија се продолжи до IX век, додека денес ставот на средновековната археологија е да проучува се додека со археолошкиот метод за одредени појави во минатото не се добие појасна слика и затоа во неа е вклучен целиот среден век во целина.
Во нашиот град, за прв пат археологијата на средниот век почна да се проучува и истражува по формирањето на Заводот за заштита на спомениците на културата во 1975 год.
Првите сондажни заштитни истражувања на локацијата на градот почнаа да се изведуваат во текот на зиматапролетта 1976 година во северозападниот дел на КИС Безистен (Г.Филиповска), при неговата адапатација во стоковна куќа. Потоа се сондираше на ул. “Добривое Радосавлевиќ”, на местото на новата Стопанска банка каде беше констатирана керамика од XIII-XIV век. Се работеше на локацијата кај Ајдар Кади џамија (1980 година) како и кај Дебојот (1988 година). Датирањето беше отежнато, заради тоа што не се работеше во чисти негибнати археолошки слоеви, туку на простор каде што интензитетот на постојаното живеење зад себе остави само многупати прекопувани културни слоеви. Во 1994 година на локацијата кај Исак џамија или “Шехерезада” за прв пат на просторот на Битола беа ископани фрагменти од црепни кои припаѓаа на керамиката што се употребува во секојдневниот живот, а им се препишува на Словените. Во 1999/2000 година во внатрешноста на црквата “Св. Димитрија”, се наиде на негибнат средновековен културен слој кој по старост на наодите се датира до X век. Тоа беше непобитен доказ дека еден дел од средновековна Битола е точно под темелите на денешна Битола.
Во периодот (2001-2004) брзината и интензитетот на ископувањето на локациите низ градот ( Др. Т. Јанакиевски, “Убикација на средновековна Битола”) се зголеми. Бројот на наодите кои припаѓаат на доцниот среден век (XII-XIV век) се зголемија и воедно се поткрепи сликата за постоење на средновековни културни стратуми на просторот од денешна Битола, од двете страни на реката Драгор.
Во октомври 1978 година (Г. Филиповска и П. Србиновски) за прв пат е откопан еден средновековен словенски стартум (IX- XII век) на локалитетот Кале кој се наоѓа северозападно од градот на левиот брег на р. Драгор, на највисоката зарамнета доминанта на ридот над месноста Баденбалари. На овој локалитет со прекини се истражуваше во 1979-1981,1994,2002 и 2004 година.
Во текот на реализацијата на проектот “Истражување на средновековните населби на подрачјето од Општина Битола” (1981-1986 година), се работеше на: Катедрална црква епископско седиште на локалитетот Кале Битола, на некрополата на локалитетот “Тумбата-Чебрен” с. Зовиќ; населбата и некрополата на локалитетот “Марково Кале” с. Ореово. Во 1988 година се реализираше проектот “Комплетни истражувачки работи на црквата “Св. Богородица” во с. Велушина” каде што е откриена средновековната некропола, додека на средновековната некропола на локалитетот Сланец, с. Суводол се истражуваше во 1990 година.
Во средишниот комплекс на населбата на локалитетот Хераклеја, (Г. Томашевиќ) откриени се средновековни материјали: наушници, обетки, фрагменти од керамика за секојдневна употреба и византиски монети, како и материјали од средновековни стартуми на некрополата од XXI век на секторот Авторемонт, покрај потокот Сива Вода, во текот на 19821986 година (Е. Манева) која се формирала врз остатоците на базиликата што била изградена во првата половина на VI век.

Поволната географска поставеност и местоположбата на Битола во средниот век на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на трговсковоениот пат Виа Егнатиа, нужно ја определиле да се најде под ударите на повеќе култури кои придонеле за поизразито вообличување на специфичните археолошки вредности.

Пред скоро тричетири децении, средновековната археологија беше приморана да се избори за своето место во науката, посебно кај некои научни работници кои и самите се занимаваа со археологија, а кои по примерот на некои северноевропски археолошки школи сметаа дека средновековната археологија како и целата археологија воопшто, треба да заврши со истражувањето на периодот со преселбата на народите.

Првото отстапување се направи кога проучувањето на словенската археологија се продолжи до IX век, додека денес ставот на средновековната археологија е да проучува се додека со археолошкиот метод за одредени појави во минатото не се добие појасна слика и затоа во неа е вклучен целиот среден век во целина.

Во нашиот град, за прв пат археологијата на средниот век почна да се проучува и истражува по формирањето на Заводот за заштита на спомениците на културата во 1975 год.
Првите сондажни заштитни истражувања на локацијата на градот почнаа да се изведуваат во текот на зиматапролетта 1976 година во северозападниот дел на КИС Безистен (Г.Филиповска), при неговата адапатација во стоковна куќа. Потоа се сондираше на ул. “Добривое Радосавлевиќ”, на местото на новата Стопанска банка каде беше констатирана керамика од XIII-XIV век. Се работеше на локацијата кај Ајдар Кади џамија (1980 година) како и кај Дебојот (1988 година). Датирањето беше отежнато, заради тоа што не се работеше во чисти негибнати археолошки слоеви, туку на простор каде што интензитетот на постојаното живеење зад себе остави само многупати прекопувани културни слоеви.

Во 1994 година на локацијата кај Исак џамија или “Шехерезада” за прв пат на просторот на Битола беа ископани фрагменти од црепни кои припаѓаа на керамиката што се употребува во секојдневниот живот, а им се препишува на Словените. Во 1999/2000 година во внатрешноста на црквата “Св. Димитрија”, се наиде на негибнат средновековен културен слој кој по старост на наодите се датира до X век. Тоа беше непобитен доказ дека еден дел од средновековна Битола е точно под темелите на денешна Битола.