• Име на предметот: Икона од црквата Свети Богородица во село Велушина, претстава на Свети Никола
  • Период/датација: средина на 19 век
  • Потекло: Црква Свети Богородица во село Велушина битолско
  • Материјал/техника: дрвена подлога од стар орев насликана со темперни бои
  • Димензии: 60 x 46 см

Кратка приказна (опис):

Икона од црквата Свети Богородица во село Велушина, претстава на Свети НиколаПортрет на Свети Никола. Светецот е насликан во средината на сликата – иконата. Насликан е до горната половина на телото. Околу главата има ореол изработен од сребро, обработено со рељефни украси. Главата му е насликана со високо чело, ретка побелена коса, тенки црти на лицето, побелена брада полудолга, брановидно обвиена околу лицето. Тенок врат, околу кој е хтитон, нешто во вид на шал, бел правоаголен, поставен во вид на латиничната буква В, на него се исликани три тенки крстови со различна големина. Неговата десна рака, наша лева страна е насликана со доближан среден прст со палецот – што претставува благослов и симбол на Исус. А со левата рака, која не се гледа, држи исправена книга, пишувана во ракопис – Библија. Свечена одежда со тенки и елегантни набори. Во горниот лев дел од иконата има круг на кој се украсни букви СВ а на десниот дел исто така во кружна форма, стилизирано е напишано неговото име Никола.
Анонимниот сликар, работел во стилот на византиската уметност – што значи – прецизен цртеж, издолжено духовно тело, линии кои се елегантни и богато нанесени, прецизно и точно.
Иконата е од црквата Света Богородица, во селото Велушина, во близина на Битола. Мајсторски изработена, со минимални линии искажано е максимално значење за светецот. Иконата денес е поставена во музејот на иконите во Завод и музеј во Битола и е дел од побогатата колекција на икони кои се од истата црква што се изложени во просториите на постојаната поставка.