- Име на објектот: Светилка, Хераклеа Линкестис
- Период/датација: Период: 2 – 4 век нова ера
- Материјал/техника: печена земја
- Димензии: 10 cm
Кратка приказна (опис):
Светилка е направа која го држи и согорува горивото, обично масло, како средство за добивање на светлина. Иако маслените ламби ги има во различни форми и големини низ историјата, основните потребни компоненти се фитил, гориво, резервоар за гориво и снабдување со воздух за одржување на пламен.
Некои од најраните светилки, кои датираат од Горниот Палеолит, биле камења со вдлабнатини во кои животинските масти биле горени како извор на светлина. Школките исто така биле користени како светилки.
Земјените светилки се појавиле во бронзеното доба околу 16 век п.н.е. и на некој начин се користат се до денес.
Првично, тие се во форма на чинија со пловечки фитил, а набргу потоа овие чинии почнаа да се развиваат во заоблен или превиткан раб па се до скоро затворен сад кој резултираше со клун и служеше за одржување на фитилот, со што се контролираат пламенот и чадот.
Како што еволуирале, глинените светилки станаа и пораскошни, особено кај старите Грци, чии светилки се извезувале низ целиот Средоземно Море помеѓу 4 и 6 век п.н.е., поради нивниот висок квалитет на занаетчиството.
Понатамошното затворање на телото на светилката од страна на римските занаетчии овозможило повеќе декорација на дискот. Помеѓу првиот и вториот век од н.е., италијанските светилки станаа доминантен стил во римскиот свет.
Исто така напредокот во технологијата за обработка на метали, или металургијата, овозможи развој на метални светилки, кои беа популарни за време на хеленистичкиот, римскиот и византискиот период.
Светилките биле користени од нашите претци и во затворени простории и на отворено, а имаа утилитарна, ритуална и симболична намена.
You must be logged in to post a comment.