Излезе од печат Зборникот на трудови од одржаниот VIII Cимпозиум на етнолози конзерватори од Р.С Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија,одржан од 2-4 Октомври 2019 год. во Битола.
Овој Зборник на трудови има меѓународен издавачки одбор (Душан Стргар, Ана Млинар, Крешимир Мијаковац, Душица Станковиќ, Душан Штепец, Викторија Момева Алтипармаковска) а трудовите на сите учесници се печатени на нивниот мајчин јазик.

Главен уредник: д-р Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор советник
Издавач: НУ Завод и музеј Битола