Проект АКТ ЗА ПРЕСПА
Реф Бр: A4P_9/2025
БАРАЊЕ ЗА ПОНУДА ЗА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА: Набавка на конзерваторски алатки и потрошен материјал за конзерваторски и реставраторски работи на фрескоживописот на црквата Света Петка, село Брајчино (BL. 3.5.2) за потребите на проектот ACT4PRESPA
НУ Завод и Музеј Битолa ве поканува да доставите понуда за договор за набавка на конзерваторски алатки и потрошен материјал за конзерваторски и реставраторски работи на фрескоживописот на црквата Света Петка, село Брајчино (BL. 3.5.2) за потребите на проектот ACT4PRESPA (Договор за грант бр. IPA III/2024/455-522), кофинансиран од Европската Унија, во согласност со правилата на Инструментот за претпристапна помош (IPA III).
Крајниот рок за поднесување на понудите е 20.06.2025 година во 14:00 часот.
Дополнителни информации и/или појаснувања ќе бидат објавени на оваа веб страна.


