Гостување на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ во Хрватска и Словенија

Нашите тактилни изложби „Допирот на уметноста“ го завршија гостувањето во Словенија и Хрватска каде беа поставени минатите две години, пропратени со онлајн обуки и вебинари.
Учевме од најдобрите, го споделивме наше искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.

Гостување на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ во Хрватска и Словенија
Наша цел е воедно да го промовираме нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите.

Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија го заокруживме со работилници во Марибор и Загреб, во насока на одбележување на 18ти мај, Меѓународниот ден на музеите.

Гостување на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ во Хрватска и Словенија
Поебно сме благодарни на домаќините, Директорот Александра Берберин Слана и колегите од Музеј на ослободувањето во Марибор, Претседателот и членовите на Асоцијација на слепи и слабовиди од Марибор, вработените од Библиотеката од Марибор и Драгана Лујиќ, Музеј за еден посетител-Трафика, Музеј на фотографија, Уметничка галерија во Марибор, Музејскиот центар за документација во Загреб и Ива Валиџија, Центарот за воспитување и образование „Винко Бек“ и Тања Парлов, како и колегите од Тифлолошки музеј и нашата долгогодишна соработничка и консултант м-р Жељка Сушиќ од Загреб.

Гостување на тактилните изложби „Допирот на уметноста“ во Хрватска и Словенија
м-р Јове Парговски автор на концепт и тактилни слики и д-р Ирена Ружин – раководител на проект

Поддржано од Министерство за култура.