Меѓународниот ден на музеите 18 Мај го прославивме и со забава, учење и цртање во нашата постојана поставка, заедно со нашите стари пријатели и долгогодишни соработници од ООУ Климент Охридски и новите другарчиња од ООУ Стив Наумов.
Довербата да биде интерпретатор на поставката ја дадовме на познатиот и омилен Кловн Заги која ги едуцираше и забавуваше учениците. Сите беа изненадени од знаењето на Заги и интересните приказни што ги раскажуваше за експонатите.
Учениците имаа многу интересни прашања на кои одговараа нашите кустоси. Сите ученици напишаа и пораки за нас, насликаа цртежи од омилени експонати од кои на крајот направивме изложба во ходникот на нашата установа.
Активно се вклучија колегите Слободан Стојкоски, Наде Геневска Брачиќ, Ефросинија Паревска, м-р Сандра Котевска, м-р Филип Талевски, м-р Евгениј Литовски, Енгин Насух, м-р Стефан Малбашиќ, м-р Моника Нолева, Биљана Стефановска, м-р Влатко Деловски и др.
Голема благодарност за образовните асистенти на учениците: Димитринка на Барбара, Биљана на Марко, Христијана на Дениса, Биљана на Бобан, Весна на Христијан и специјален едукатор и рехабилитатор Андријана Шокларовска.
Благодариме за интересот на наставниците Венета Јоновска, Јасмина Гочевска и Владо Кузмановски.
Вероника во нашиот музеј веќе се чувствува како дома и со радост се приклучува во нашите работилници.
Фото: Ивона Кочов
Поддржано од Министерство за култура во рамките на проектот за пристапност, инклузија и презентација „Ние во музеј“.
Раководител на проектот Д-р Ирена Ружин
#IMD2023
#InternationalMuseumDay
#MuseumsSustainabilityWellbeing
#museumeducation