Меѓународниот ден на музеите оваа година се одбележува со темата:
„Моќта на музеите“


Н.У. Завод и музеј Битола продолжува да ја докажува моќта на музеите преку иновативен пристап до музејот и недвижното културно наследство од Битола, за лицата со попреченост.


Овој иновативен пристап е развиен од страна на нашите стручни лица во соработка со проф. Д-р Игор Неделковски, кој денес на нашата институција и донираше и опрема за 3Д печатење.

Тактилните слики и предмети беа презентирани пред лица со оштетен вид, ученици од основните и средните училишта.


Фото: Сашо Ристевски