Рим, 16 април 2026 година – Претставници на НУ Завод и музеј Битола учествуваа на почетниот состанок на европскиот проект RE-MIND, одржан во Рим, Италија. Проектот е поддржан од Европската Унија во рамките на програмата „Креативна Европа“ и е насочен кон дигиталната благосостојба и меѓугенерациското вклучување на публиката во музеите.

На состанокот, проектните партнери ги разгледаа целите, планираните активности, очекуваните резултати и следните чекори за реализација на проектот.
RE-MIND има за цел да развие иновативен модел на „Свесен музеј“ (Mindful Museum), кој ги обединува свесната присутност, смирената технологија и меѓугенерациската соработка, создавајќи позначајни и поинклузивни музејски искуства за посетителите од различни возрасни групи.
Учеството на НУ Завод и музеј Битола овозможува меѓународна соработка и размена на искуства за унапредување на музејската едукација и комуникацијата со публиката во дигиталната ера.
Следете го проектот на неговата веб-страница, на Facebook, Instagram и LinkedIn.



You must be logged in to post a comment.