Националната Установа Завод и музеј Битола, гостува во Европската престолнина на културата 2022 Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите.
Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3.06.2022 год. во присуство на голем број гости, ја сочинуваат 20 панели со тактилни слики и опис на брајово писмо, со мотиви од предмети од постојаната поставка и архитектура.


Во рамките на проектот се одржа обука за музејски работници од неколку музеи од Војводина, на тема „Пристапни музеи“ од страна на колеги од Балканот со големо искуство. (м-р Јове Парговски од НУ Завод и музеј Битола, Мсц Милена Милошевиќ Мициќ од Србија, м-р Аида Шарац Бербиќ од Босна и Херцеговина, м-р Жељка Сушиќ од Хрватска)


Раководител на проектот е Д-р Ирена Ружин.
Проектот е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма од национален интерес.
Голема благодарност до домаќините од Музеј на Војводина и присутните на обуката и отворањето на изложбата за укажаната чест, интерес и гостопримство.
фото: Музеј на Војводина