На 14.05.2018 г. во 13.00 часот во изложбениот салон во Општинската установа Музеј на град Неготино, свечено е отворена изложбата ОСМАНСКО-ТУРСКИ ПЕЧАТИ ОД 19 И 20 ВЕК, “ОТПЕЧАТЕНА ИСТОРИЈА“ од авторот д-р Александар Литовски.

14.05.2018 - ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА - ОСМАНСКО-ТУРСКИ ПЕЧАТИ ОД 19 И 20 ВЕК, “ОТПЕЧАТЕНА ИСТОРИЈА“ - автор д-р Александар Литовски
На изложбата се поставени 28 фотографии од збирката на турски печати со арапско писмо, која е најголема во земјава, чувана во НУ Завод и музеј Битола, а чие истражување го направил д-р по историски науки Александар Литовски, автор на изложбата, кустос советник во НУ Завод и музеј Битола.

14.05.2018 - ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА - ОСМАНСКО-ТУРСКИ ПЕЧАТИ ОД 19 И 20 ВЕК, “ОТПЕЧАТЕНА ИСТОРИЈА“ - автор д-р Александар Литовски
Авторот на изложбата имаше свое излагање кој што ги запозна присутните за начинот на кој што се истражувани овие печати кои сведочат за високиот степен на развиеност на општествените и економските односи и се извор на сознанија на економското и културното ниво на тогашната Турска империја во Битола.
Широката примена на печатите, всушност, аргументирано покажува дека тогашното општество имало висок степен на развиеност на сите полиња.

14.05.2018 - ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА - ОСМАНСКО-ТУРСКИ ПЕЧАТИ ОД 19 И 20 ВЕК, “ОТПЕЧАТЕНА ИСТОРИЈА“ - автор д-р Александар Литовски
Излагање имаше и директорката на НУ Завод и музеј Битола, д-р по етнолошки науки, Мери Стојанова, која што се заблагодари на добро организираната изложба со надеж за понатамошна соработка помеѓу овие две институции. Изложбата е од јавен карактер и секој може да ја посети во изложбениот салон во Општинската установа Музеј на град Неготино до 25.05.2018.