- Име на предмет: Антропоморфен модел на куќа
- Период/датација: Среден неолит/ 5800-5200 год.п.н.е
- Потекло: Локалитет Ѓорев Рид, село Суводол, битолско
- Материјал: глина, рачна изработка
- Димензии: висина 29 см, должина 16 см, ширина 15,6 см
Кратка приказна:
Антропоморфен модел на куќа во форма на коцка. На оџакот е претставено женско тело до половина, покривот од куќата е нејзиното здолниште, а самата куќа утробата.
Лицето е мало, триаголно и шематизирано, очите се вржани хоризонтални линии, меѓу нив се наоѓа минијатурен нос. Рацете се мали и пластично налепени, додека градите се прикажани со мали пластични задебелувања. Влезот е изобразен во вид на врежан триаголник, кој го симболизира пубичниот дел. Покривот е благо закосен и украсен со неколку вертикални низи од пластични топчести налепки кои започнуваат од еден појас на крајот на цилиндерот.
На страничните ѕидови од куќата се наоѓаат по два триаголни прозорци. На задниот ѕид има еден правоаголен влез. На подот на куќата се наоѓа кружен отвор. Овој тип на куќа ја симболизира Божицата Мајка, како симбол и покровител на самиот дом, чијашто утроба е изедначена со внатрешниот простор во кој живеат членовите на семејството. Бојата е црвенокафеава, на места прегорена.
You must be logged in to post a comment.