• Име на предметот: Брош
  • Период/датација: 12-13век
  • Потекло: археолошкиот локалитет „Средсело“ с. Лажец, битолско
  • Материјал/техника: бронза, исчукување и лиење во плиток рељеф
  • Димензии: 4,5 см

Кратка приказна и опис: Брошовите уште од античкото време служеле како додаток за прицврстување на облеката. Најчесто тоа бил женски накит, кој што покрај за украс имал и функција за закопчување на облеклото во висина на градите. Овој брош е изработен од бронза и е по потекло од средниот век. Има кружна форма. Претставува украс кој што е во вид на цвет. На средина има испакнато кругче кое е слично на пупка од цут или цвет. Околу, повторно во кружна форма се направени во плиток рељеф стилизирани мали ливченца. На крајот брошот завршува со три кружни линии. Покрај што е како цвет, брошот е и направен како сонце составено од ливченца.

Брош, 12-13 век

Овој брош е карактеристичен и по тоа што во периодот од кога е направен, кругчето насредина било симбол на социјалната и материјалната положба на носителот. Но најважно, таквите испакнати кружни елементи во средниот век, се верувало дека служеле и за заштита од зло.
Исто така целата кружена ситуција затворена на крајот со три непрекинати линии била со значење за зачувување на енергијата на носителот.