• Име на предметот: Керамички сад
  • Период/датација: Среден неолит / 5800 – 5200 год. п.н.е
  • Потекло: Локалитет „Мала Тумба“, село Трн, битолско
  • Материјал/техника: глина / рачна изработка
  • Димензии: Висина – 11.4 см

Кратка приказна и опис:

Керамички сад во вид на топка, рачна изработка. Од надворешната страна садот е декориран со брадавичести апликации поставени во четири хоризонтални низи кои ја обиколуваат целата површина. Техниката на поставување на брадавиците се изведувала со додавање на свежи глинени делови и нивно налепување врз површината на предметот пред неговото печење.

Керамички сад , Среден неолит / 5800 - 5200 год. п.н.е

Грубата обработка на садот укажува на неговата можна употреба во секојдневниот живот на неолитскиот човек. Додека пак ваквата декорација едноставно била со практична намена за спречување од можно излизгување на садот полн со течност. Постои и друга веројатност за неговата намена поради специфичната декорација и изразените брадавици, поврзувајќи го предметот со одредени обредни дејствија.

Текстот го подготвил:
Јасмина Гулевска
НУ Завод и музеј Битола