Конференцијата „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“, беше посветена на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.
Историските факти и политички импликации пред, за време, и по завршувањето на војната, ја направија оваа војна не само најсурово воено случување, туку многу повеќе товар кој имаше своја рефлексија на различни аспекти на социјалното и културно живеење на населението во Македонија, долж фронтовската линија, како и низ Европа генерално.
Токму поради тие причини, целта на Конференцијата беше да се подигне јавната свест за различни аспекти на Првата светска војна, со што на некој начин, ќе им се оддаде почит на сите индиректни учесници и цивилни жртви кои останаа неспоменати во сите воени и историски документи.
Конференцијата во организација на НУ „Завод и Музеј“ – Битола и ЗРАТ Љубојно, се одржа во хотел Капри на 13 – 14 декември 2018 год,
Оваа конференција беше финансирана од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА, а во рамките на програмата за „Сеќавање на македонскиот фронт 2018 година“ поддржана од Регионот Нормандија.

Close Menu
Accessibility