• Име на предметот: Крст енколпион
  • Период/датација: XI-XII век
  • Потекло: Локалитет „Тумбата“, Манастир „Чебрен“, с. Зовиќ, Мариово. Се чува во постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола
  • Материјал/техника: Бронза, лиење
  • Димензии: Должина 9 см., ширина 4.1 см

Кратка приказна: Претставен е крст изработен од метал. На горниот дел има кружен додаток – кој служел како приврзок, а изработен е од бронза.

Крстот може да се отвори и да се раздели на два дела. На предниот дел има цртеж – едноставно нацртан или вдлабен во металот – цртежот е човечка фигура претставена во цел раст – исправена. На главата има круг што претставува ореол што го имаат светците и ангелите. До појасот има украсена кошула со геометриски форми и прави линии. Под појасниот дел е во вид на широка кошула до нозете исто така украсена со геометриски линии слични на вез. Рацете се раширени и се нацртани на двата краци од крстот. Цртежот го претставува Исус Христос распнат на крстот.

Крстот служел како заштита за чување од зло и несреќа. Пронајден е при истражувањата на археолошкиот локалитет „Тумбата“,Манастир „Чебрен“ с. Зовиќ, Мариово при ископувањата извршени од екипа на НУ Завод и музеј Битола во 1982 г. Бил пронајден во средновековен гроб под срцето на покојникот.

 

Крст Екнолпион