• Име на предметот: Фосилни заби од мастодонт
  • Период/датација: миоцен / пред 10 милиони години
  • Потекло: Суводол, РЕК Битола
  • Материјал/техника: коска

Кратка приказна (опис):

Фосилните заби од мастодонт се пронајдени во 2009 година во рудникот за јаглен Суводол, РЕК Битола. Пронајдени се четири фрагменти на фосилни заби од долна вилица кои припаѓаат на мастодонт кој се нарекува и праисториски слон. Фосили претставуваат скаменети т.е минерализирани остатоци од растенија или животни кои живееле пред повеќе милиони години. Мастодонтот живеел на овие простори во периодот на миоценот, кога се формирале таканаречени слатководни миоценски езера и кога имало бујна вегетација.

Фосилни заби од мастодонт - постојана поставка - НУ Завод и музеј Битола
Овие огромни животни биле предци на мамутот и денешниот слон што живее во Африка. Односно тоа е една палеонтолошка низа која што води кон различен еволутивен развој.
По својата старост од пред 10 милиони години мастодонтот е најстар во оваа низа, после тоа е мамутот од пред 5 милиони години и на крај денешниот слон. Најголемиот пронајден примерок на мастодонт бил висок околу 4 метри и можел да достигне тежина и до 10 тони. Разликата меѓу мастодонтот и мамутот е тоа што мастодонтот имал поголеми и не толку завиени бивни (големи завиени заби). Населувал тревести живелаишта слични на денешните африкански савани. Живеел заедно со предци на денешните жирафи, сабјести тигри, примати и други изумрени видови од периодот на миоцен. Овие џиновски тревопасни цицачи почнале да исчезнуваат од нашите простори поради нагли климатски промени.

Close Menu
Accessibility