• Име на предметот: Уметничка слика „ Пејзаж“- современа уметност, автор Перо Спироски, Битола
  • Период/датација: создадена 1975 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ „Завод и музеј“, Битола
  • Материјал/техника: ленено платно, маслени бои
  • Димензии: 80 Х 60 см

Уметничка слика „Пејзаж“- современа уметност, автор Перо Спироски
Кратка приказна (опис):

Пејзаж, наликан не реалистички туки со помош на густи нанесувања на бојата со шпахла брз употреба на четка. Сликата е поделена на два делови. Во долниот дел, кој што е помал од горниот, од едниот до другиот крај на сликата е претставена вода – езеро, а нешто погоре од крајниот долен дел на сликата, во водата се насликани вертикално исправени растенија слични на трски. Насликани се не реалистички, како што се во природата, туку како што ги замислил авторот со брзи потези на шпахлата и со нанесубање на погуст слој боја. Водата, езерото, се спојува со небото кон една третина од долната страна на сликата. Небото е исто така брзо насликано, немирно, енергично со нанесување на слоеви густа боја кои во долниот дел од небото асоцираат на облаци. По начинот на изработката – слободно и брз обраќање на реалистички детал, сликата спаѓа во доменот на импресионистичкото сликарство што значи – едноставно, брзо, непосредно сликање на впечатокот, сличен на сон, сон на вода, езеро, трски во водат и немирно небо.
Авторот со искрениот пристап создава дело кое е лично доживување на еден летен ден, доловен со ритам на потезите, со радост на создавањето, со размислување за хармонијата во природата, помеѓу водата, растителниот свет, небото.

(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија.Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола