• Име на предметот: Фрагмент од поголем керамички сад
  • Период/датација: среден неолит 5800 – 5200 год. п.н.е
  • Потекло: Мала Тумба, село Трн
  • Материјал/техника: глина
  • Димензии: 36,4 x 19 см

Кратка приказна (опис):

Фрагмент од стомак од поголем керамички сад со топчест облик. Украсен со врежување со тап предмет. Средишниот дел е изработен со врежување на триаголници странично поставени чија внатрешност е исполнета со мрежеста декорација изведена со бела боја.

Фрагмент од поголем керамички сад - постојана поставка - НУ Завод и музеј Битола

Тоа се пет вертикални редови, од кој секој ред по вертикала се состои со по три странично поставени триаголници. Од двете страни на средишниот дел има празен простор во вид на вертикална линија. Трите редови на триаголници се поставени странично еден наспроти друг со врвовите на спротивната страна. Исто така и другиот ред на вертикално поставени три странични триаголници од двете страни шрафирани во внатрешноста. Врвот од триаголниците од претходниот ред и од наредниот формираат празен простор во вид на ромбоид.
Од левата страна на садот во долниот дел се наоѓа една петличеста дршка. Од двете страни на оваа средишна зона од триаголници се наоѓа зона изработена исто така со тапо орудие, вертикално врежани две цик цак линии од едната и од другата страна, во внатрешноста исцртан по еден ромбоид. Бојата на садот е сива а декорацијата е изведена со бела боја.