• Име на предметот: Уметничка скулптура –„Скулптура на жена“- современа уметност, автор Војкан Јовановиќ (роден во Белград).
  • Период/датација: шеесеттите години на дваесеттиот век
  • Потекло: – Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: скулптура изработена во гранит
  • Димензии: 42 Х 55 Х 30 см

Уметничка скулптура –„Скулптура на жена“- современа уметност, автор Војкан Јовановиќ
Кратка приказна (опис):

Скулптура на жена изведена во камен – гранит. Скулптурата има три димензии – длабочина, висина ширина. Претставена е жена без облека во специфична позиција. Главата и е покриена, задскриена со левата рака. Десната рака и е потперена на десната нога. Левата нога и е свиткана со истакнато колено. Целата фигура на жената е во една згрчена свиткана позиција.
Преку целата нејзина поставеност, згрченост, авторот ни пренесува одредена психолошка состојба на самата фигура која е – во одреден грч, страдање, која како да сака да се заштито од надворешниот свет кој што очигледно со неговото присуство и нанесува страдање, болка, осаменост, неможејќи како да се заштити таа се згрчува, се вовлекува во себе, длабоко осамено и тажно.
Скулптурата со мајсторството на изработката, точната анатомија на комплицираните и сложени позиции претставува совршено уметничко дело карактеристично за одличен автор – скулптор.
Насекаде блика поетска хармонија и убавината на човечкото тело.
Вајарот субјективно ја доживува расположбата на моделот – постапка која во вајарството е позната како импресионизам.
(употреба и слично): Скулптурата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Close Menu
Accessibility