• Име на предметот: Уметничка слика – „Жена со корпа јаболка“, современа уметност, автор Kатја Ефтимова
  • Период/датација: создадена 1959 година
  • Потекло: Атеље на авторот – вајарот сотир Димовски
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 120 см во висина и 80 см во ширина

Кратка приказна:

„Жена со корпа јаболка“ е уметничка слика создадена од една од првите жени сликарки на современата уметност во Македонија. Претставена е млaда жена речиси во цел раст – исправена. Застаната е во соба пред отворен прозорец. Насликана е на една третина од сликата – десно.

Облечена е во традиционална народна носија, на главата има шарпа која е на задната страна од главата и во вид на триаголник и паѓа до нејзиниот грб. Косата и е крената над челото. На горниот дел до појасот носи елече извезено со златен конец. На појасот има голема пафта – еден вид на колан –ремен украсен со дваголеми кружни украси често изработени од сребро и на средина помал круг. На нив се украси исто така од помали кругови.

Под појасот носи народна носија составена од два дела горниот дел е во вид на крута ленена фута, а под неа ленена кошула извезена со богати везови на цветови и крстови. Десната рака и е потпрена на рачката од плетена кошница која е полна со јаболка. Левата рака и е потпрена на слабината. На дланките има големи широки ракави исто така богато навезени со шарки од растенија и крстови.

Зад отворениот прозорец има поле со дрва – јаболкници, во далечината планински врвови и небо со неколку мали облачиња. Лицето и е ведро и достоинствено.

Девојката е реалистички претставена, со раскошна и богата народна носија, достоинствена, го слави животот и вистинските вредности на животот.

Сликата е изложена во музејската збирка – како дел од историјата на современaта ликовна уметност во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата Завод и музеј од Битола.

Уметничка слика – „Жена со корпа јаболка“, автор Kатја Ефтимова, 1959 година