- Име на предмет: Жртвеник, керамички модел на куќа
- Период/датација: среден неолит/ 5800-5200 год.п.н.е
- Потекло: локалитет: локалитет -Велушка Тумба, село Породин, битолско
- Материјал: глина, рачна изработка
- Димензии: висина 24 см, должина 24 см, ширина 21 см
Кратка приказна:
Жртвеник, керамички модел на куќа, со правоаголен реципиент, подигнат на четири ногалки. Просторот помеѓу ногалките е изработен со назабена декорација. Двете челни страни доминираат и се со триаголна форма, нивните ивици се декорирани со врежани коси линии, нивниот средишен простор е пробиен со по еден мал триаголник. На основата на овие триаголни челни страни се наоѓаат по три мали кружни вдлабнатинки. На другите две страни се наоѓа ниска назабена преграда со по еден влез. Овој кермички модел на куќа бил користен како жртвеник. Иако покривот на керамичкиот модел е изоставен се смета дека тој постоел во вид на капак од слама. Од овие типови на кермички модели добиваме слика како изгледале праисториските куќи. Бојата е црвенокафеава. Моделот е реконструиран.
You must be logged in to post a comment.