Проект АКТ ЗА ПРЕСПА
Реф Бр: A4P_6/2025
ПОКАНА ЗА ТЕНДЕР ЗА ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ за конзервација на покривот на Центарот за култура „Драги Тозија“ во Ресен (Сарај)
НУ Завод и Музеј Битола ве поканува да доставите понуда за договор за изведување на градежни работи за конзервација на покривот на Центарот за култура „Драги Тозија“ во Ресен (Сарај) што ќе се реализира во рамките на проектот АКТ ЗА ПРЕСПА (Договор за грант бр. IPA III/2024/455-522), кофинансиран од страна на Европската Унија, во согласност со правилата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).
Краен рок за доставување на тендерските понуди е 22/04/2025 година до 14:00 часот.
Дополнителни информации и/или појаснувања ќе бидат објавени на оваа веб страна.
Преземи тендерска документација (.zip)
A4P_6_2025_Questions & Answers (.PDF)


