• Име на предметот: Детал од килим
  • Период/датација: Килимот е исткаен 1929.
  • Материјал/техника: Ткаење
  • Димензии: 24,5 х 29 см

Кратка приказна (опис):

Килимот е изработен од волна, ткаен на разбој. Исткаен е во три поли кои се составени. Годината на изработка е исткаена на самиот килим во горниот дел. Во основата е исткаен во темно сина боја, бордурата е во црвена боја.
По целата површина на килимот распореден е мотивот “колца“.
Во средишниот дел мотивот е распореден во седум хоризонтални редови по четири мотиви во секој ред, исткаени во црвена, зелена и бела боја.
Бордурата околу средишниот дел е орнаментирана со по шест мотиви во горниот и долен дел, додека од страните се застапени по девет мотиви.
Употреба: Килимот е дел од градската покуќнина и служел за покривање на подот.
Килимот во секојдневниот живот на градското население бил употребуван како најлуксузен предмет во ентериерот и амбиентот на куќата.
Килимот претставувал и дел од чеизот на невестата.

Close Menu
Accessibility